Њујорк: Клинтон се очекува наскоро целосно да закрепне

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се очекува наскоро целосно да закрепне по операцијата на срцето, соопштија докторите во Њујорк. Тие како рутински го оценија четиричасовниот оперативан зафат, извршен откако било откриено дека Клинтон имал блокирани артерии. Според некои најави, Клинтон би можело да ја напушти болницата за четири до пет дена.