Киркук: Уапсени 25 осомничени милитанти

Ирачките сили уапсиле во Киркук 25 осомничени милитанти, а еден од нив бил поранешен шеф за безбедност на Садам Хусеин. Вчера пак се уапсени околу 500 ирачани осомничени за поврзаност со напаѓачките групи и запленето е големо количество оружје јужно од Багдад со подршка на американските сили при што, како што се јавува, 12 ирачки полицајци загинале. Северно од Багдад пак двајца американски војници загинале, а 16 биле ранети во минофрлачки напад врз нивната база во Балад. Во меѓувреме е преземен и ДНА тест за да се утврди дали е уапсен Изат Ибраим ал Дури соработник на Садам Хусеин еден од највисоките личности кој досега не беше фатен.