Москва: Дводневна жалост за жртвите на заложничката криза во Северна Осетија

Во Русија денеска започна дводневната жалост за жртвите на заложничката криза во Северна Осетија. Во Беслан се одржуваат околу 120 погребни церемонии, а според последните извештаии, 340 лица, повеќето деца, беа убиени во три дневната криза. Повеќе од 400 лица се и натаму хоспитализирани, а над 200 лица се водат како исчезнати. Претседателот Владимир Путин го зголеми нивото на безбедноста во Русија.