Вашингтон: САД ќе бараат од ОН санкции за Иран

Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека Соединетите Држави бараат од Советот за безбедност на Обединетите Нации да изгласа економски, политички и дипломатски санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма. Иран одбива да го замрзне производството на нуклеарни материјали, отфрлајки ги обвинувањата дека развива оружје за масовно уништување.