Њујорк: Буш денеска и формално ќе ја прифати претседателската кандидатура

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска и формално треба да ја прифати номинацијата на неговата Републиканска партија како кандидат за претседателските избори во Соединетите Држави. Со обраќањето на Буш, во Њујорк завршува конвенцијата на Републиканците.