Москва: Состанок на Путин со шефот на федералната безбедносна служба

Во врска со денешната заложничка драма во Јужна Осетија, во Москва е во тек состанок на рускиот претседател Владимир Путин со шефот на Федералната безбедносна служба Николај Патрушев и со министерот за внатрешни работи Рашид Нургалиев, соопшија претставници на Кремљ. Пред состанокот Путин одби преговори со грабнувачите кои од изутрината држат четиристотини заложници, меѓу нив и двесте деца, во едно училиште во градот Беслан во Јужна Осетија, руска република која се граничи со Чеченија.