Багдад: Наименуван ирачкиот национален совет

Во Багдад денеска свечено беше наименуван новиот Ирачки национален совет и покрај неколкуте експлозии што претходно се случија во близина на местото на одржувањето на свечената седница. Во нападите во околината на таканаречената Зелена зона имало неколкумина повредени. Инаку, сточлениот Национален совет треба да ја контролира работата на преодната ирачка влада во подготовката на општите избори во таа земја, предвидени за јануари идната година.