Хаг: Милошевиќ го завршува уводното излагање

Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ денеска на крајот од уводното излагање во на неговата одбрана пред Хашкиот трибунал изјави дека не верува оти Ратко Младиќ и Радован Караџиќ го наредиле масакрот врз муслиманите во Сребреница. Милошевиќ вчера ги отфрли обвинувањата против него за воените злосторства во Хрватска, Босна и на Косово. Тој ги обвини Западните земји, НАТО, косовската мафија, исламистичките милитанти и Ватикан за растурањето на поранешна Југославија. Трибуналот денеска треба да расправа за здравствената состојба на Милошевиќ и за тоа дали ќе му додели адвокат кој би ја водел неговата одбрана.