Хаг: Милошевиќ ја започна својата одбрана

Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ денеска ја започна својата одбрана пред Хашкиот трибунал за воени злосторства со воведно излагање дека обвинението против него се бескруполозни лаги и извртување на историјата. Според Милошевиќ, постоела заедничка намера на Германија, Европската Унија, Соединетите Држави и Батикан за планско и насилно разурнување на поранешна Југославија. Напарвена е замена на тези и инверзија за вината за злосторствата што прифатено од западните медиуми било погонско гориво за војна. Тој е обвинет за криминал против човештвото и воен криминал во врска со конфликтите во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово. Доколку биде осуден се соочува со доживотен затвор.