Софија: Посета на македонскиот претседател Црвенковски

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски на покана од неговиот бугарски колега Георги Прванов, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Бугарија. Теми на разговорите со бугарскиот државен врв се билатералната соработка и облиците на подржката од Бугарија за интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија. За време на посетата на претседателот Црвенковски на Софија, треба да биде потпишан меморандум за соработка во процесот на евро-атланската интеграција меѓу владите на двете земји.