Атина: Пауел го откажа присуството на затворањето на ОИ

Американскиот државен секретар Колин Пауел ги откажа плановите да присуствува на утрешната церемонија на затворање на Олимписките игри во Атина. Секретарот Колин Пауел го информирал шефот на грчката дипломатија Петрос Моливијатис дека поради неодолжни работи во Вашингтон не е во можност да ја посети Атина, изјави портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер. Грчката полиција синоќа во Атина се судри со дел од демонстрантите кои протестираа против доаѓањето на Колин Пауел. Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека Пауел планира да ја посети Грција во октомври.