Наџаф: Моктада Ал Садр ги поврза неговите приврзаници да се разоружаат

Радикалниот шиитски верски лидер Моктада Ал Садр ги повика неговите приврзаници да се разоружаат и да ја напуштат џамијата во Наџаф. Агенциите јавуваат дека дел од бунтовниците веќе го предале оружјето. Ал Садр синоќа ја прифати мировната иницијатива на ајатолахот Ал Систани која предвидува разоружување во светите шиитски градови Наџаф и Куфа, како и повлекување на американските војници, а одговорноста за безбедноста да ја превземат ирачки сили. Ирачката влада го прифати планот, ветувајки дека нема да го апси Ал Садр.