Фалуџа: Напади на американската авијација

Американската авијација презела напади врз цели на сунитските милитанти во Фалуџа за кои се верува дека се одговорни за сериите киднапирања во изминативе месеци. Агенциите јавуваат дека имало тешки престрелки и во близина на Имам Али Џамијата во ирачкиот град Наџаф. Американските тенкови и други борбени возила се проближиле зацврстувајки ги позициите околу Џамијата, а авијацијата во текот на ноќта стрелала врз позициите на милитантите лојални на радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр. Засега ирачките сили не ја остварија заканата дека ќе нападнат доколку силите на Ал Садр не ја напуштат Џамијата во Наџаф.