Киев: Ден на независноста на Украина

Украина денеска го прославува денот на независноста со парада во главниот град Киев. Претседателот Леонид Кучма повтори дека главните цели на земјата се интеграција со Европа и пријателски и стабилни односи со Русија. Кучма исто така вети дека претседателските избори што се закажани за 31-ви октомври, ќе бидат демократски.