Солун: Прифатено барањето за екстрадиција на Дејан Миленковиќ Багзи

Апелациониот суд во Солун, како што јавува агенцијата Бета, денеска решил да го прифати барањето на Србија и Црна Гора за екстрадиција на Дејан Миленковиќ Багзи, обвинет за учество во убиството на српскиот премиер Зоран Џинџиќ. Миленковиќ беше уапсен во минатиот месец во близина на зградата на Генералниот конзулат на Србија и Црна Гора во Солун.