Абуџа: Преговори за окончување на конфликтот во Судан

Претставници на суданската влада и на две судански бунтовнички групи денеска во нигерискиот главен град Абуџа треба да одржат разговори за завршување на конфликтот во регионот Дарфур. Суданската влада ги обвинува овие муслимански групи за хуманитраната криза во Дарфур и ги демантира обвинувањата дека ги поддржува во спроведувањето на геноцидот врз тамошното црнечко население. Досега во Дарфур повеќе од триесет илјади луѓе загинаа, а над милион се протерани од своите домови.