Наџаф: Денеска релативно мирно

Во Наџаф изминала релативно мирна ноќ, по конфузните извештаји дека милитантите на радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр се согласиле да ја напуштат Имам Али Џамијата. Агенциите повикувајќи се на сведоци јавуваат дека милитантите се уште ја контролираат џамијата, додека траат преговорите таа да биде предадена на нај влијателниот ирачки клерик Големиот Ајатолах Али ал Систани кој е на медицински третман во Лондон.