Стокхолм: Научниците предупредуваат на можни војни околу водата

Научниците предупредија на ризик од војни околу водата поради експлозивниот растеж на светската популација. Во извештајот објавен синоќа на редовната конференција во Стокхолм за Водните ресурси во светот се вели дека за менаџирање со водите е клучно подобрување на конзервацијата на водата и промени во исхраната на луѓето. Во водниот сектор се инвестираат 80 милијарди долари годишно, но според проценките на експертите потребнмо е оваа сума да се зголеми двојно.