Вашингтон: Предноста на Кери пред Буш месецов опадна

Предноста на претседателскиот кандидат на американските демократи Џон Кери во оследниот месец опадна во однос на актуелниот претседател, републиканецот Џорџ Буш. Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на телевизискиот канал Си Би Ес. Доколку изборите се одржат во моментов за Кери би гласале четириесет и шест, а за Буш четириесет и пет насто од избирачите.