Наџаф: Прекинати бомбардирањата на бунтовниците

Американските сили изутрината, како што јавуваат агенциите, го прекинаа неколкучасовното интензивно бомбардирање врз бунтовничките позиции во ирачкиот град Наџаф. Главна цел била околината на светото место Имам Али која, како што се додава, сега била опколена од американски тенкови. До бомбардирањето дојде откако радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр го отфрли барањето на ирачката влада за разоружување на неговите приврзаници. Американски авион денеска извршиле напади и врз позиции на бунтовниците во градот Фалуџа каде што живеат сунитски муслимани. Засега нема информации за евентуални жртви.