Скопје: Средба Бучковски - Камерхоф

Денеска во Скопје средба на министерот за одбрана Владо Бучковски со командантот на мировните сили на НАТО на Косово генерал Холгер Камерхоф. Средбата, на која теми се актуелната безбедносна состојба во регионот и соработката меѓу македонската армија и КФОР, како што е соопштено има проштален карактер. Имено, на први идниот месец ќе биде извршена замена на командантот на силите на НАТО на Косово.