Ерусалим: Ликуд партијата на шарон решава за влегувањето на Лабуристите во владата

Израелската владејачка Ликуд партија на премиерот Ариел Шарон денеска одржува состанок на кој треба да реши дали и опозиционата Лабуристичка партија да влезе во Владата. Шарон го предложи ваквиот план со цел да обезбеди парламентарна подршка за повлекувањето на израелските доселеници во Газа. Во меѓувреме, 5-мина палестинци биле убиени во израелскиот напад врз домот на еден од лидерите на Хамас во Газа.