Наџаф: Нови судири меѓу американските сили и шиитските бунтовници

Во ирачкиот град Наџаф денеска имало спорадични престрелки меѓу американските сили и шиитските бунтовници, откако нивниот лидер Моктада Ал Садр вчера одби да се состане со ирачката делегација. Во меѓувреме во Багдад продолжува националната конференција на која треба да биде избран преодниот парламент.