Багдад: Моктада Ал Садр го прифаќа предлогот за посредство на Папата Јован Павле Втори

Радикалниот шиитски лидер Моктада ал Садр го прифаќа предлогот на Папата Јован Павле Втори за посредство во изнаоѓањето мирно решение на ситуацијата во ирачкиот град Наџаф. Од друга страна, шефот на полицијата во Наџаф се закани дека ќе изврши напад врз мавзолејот Имам Али доколку приврзаниците на Ал Садр не се разоружаат и не го напуштат тоа свето место. Денеска во Хаџаф треба да допатува делегација на ирачкото собрание со цел да издејствува преговори. Во овој град веќе десетина дена се водат жестоки борби меѓу ирачките милитанти и американските сили.