Западен Брег: Штрајк со глад на палестинските затвореници во израелските затвори

Илјадници палестински затвореници во израелските затвори во Израел и на Западниот Брег втор ден штрајкуваат со глад поради условите во затворите. Израелските власти соопштија дека штрајкот нема да доведе до промени во затворската политика. Затворските служби се обидувале да ги натераат палестинците да го прекинат штрајкот со глад принесувајќи им месо на скара и свежо печен леб.