Тбилиси: Убиени двајца грузиски полицајци

Двајца грузиски полицајци биле убиени ноќеска во сепаратистичката република Јужна Осетија. Како што јавија агенциите инцидентот се случил кога силите на Јужна Осетија нападнале етнички грузиски села во Диди Лиакви горге. Според грузиски извори во борбите биле убиени или ранети меѓу 15 и 20 јужно осетијски војници. Инаку двете страни во петок се согласина на прекин на огнот кој не се почитува.