Европски цени, македонски плати

Животот во Македонија е премногу скап, нестигнува за сметки, комуналии, понекогаш нестигнува ниту за храна, трошоците се огромни, ова е најчестиот разговор што може да се чуе во земјава, меѓу замислените граѓани, постојано испречени пред прашањето „како да се истурка месецот“. Европски цени, македонски плати, и многу снаодливост за да се преживее, така накусо го
објаснуваат живот во државава, граѓаните:

„И плати мали и пензии мали, тешко е! Обично за јадење доволно, ама за други потреби и луксузи нема! Не стигаат пари. Треба со сила, да штедиш, да штедиш.. па да го поминеш месецот.“

Во насока, на изјавите на граганите за огромните трошоци, и проблемот со немаштијата, коментирајки ја својата дневна заработувачка, еден продавач на
зеленчук вели:

„Потрошувачката стандардно. Во секој случај може да се штеди на се, ама на храна неможе да се штеди, мора да се јаде.“

Вредноста на потрошувачката кошничка за храна за месец јуни, поради достапноста на сезонскиот зеленчук, според мерењата на Државниот завод за статистика белжи тренд на опаѓање:

„Во месец јуни, таа изнесувала 9 987 денари и во споредба со вредноста на потрошувачката кошничка од претходниот месец е пониска за 1,7%.“

изјавува Мира Тодорова раководител на секторот за дисеминација.

Но, малото „олеснување“ на сметка на храната, за која сепак, треба да се одвои сума од 9 илјади, имајќи ја притоа предвид просечната плата во државава која
изнесува 12 илјади денари, веднаш се компензира со покачувањето на останатите издатоци кои граѓаните треба да ги издвојат за плакање на сметките за комуналии, телефон, струја. Токму сметките се „болната“ точка на македонските граѓани, а овој месец тие најчесто се жалат на зголемувањето на телефонските импулси.

„Кој има парно, струја, вода, телефон, тоа е пола пензија скоро. Телефонот е најскап. Пет пати поголем трошок е од пред десет години. Сега со телефонските сметки, одат многу пари. Најмногу даваме за телефон, струја, комуналии.“

Традиционално, потрошувачката кошничка за месецот кој не очекува, септември се зголемува. Учебната година и сезоната на зимници, секогаш бараат поголеми издатоци, а со тоа уште еден месец со поголеми грижи „како да се истурка“.