Солун: Средба на градоначалниците на 19 балкански градови

Во Солун денеска, во пресрет на Летните Олимписки Игри, ќе се одржи вонредна средба на градоначалниците на деветнаесет балкански градови. Освен за Олимпијадата, на средбата, како што е најавено, треба да биде разгледана и идејата за создавање Меѓубалкански универзитет.