Наџаф: Голема офанзива на американските сили

Американските сили во Ирак денеска соопштија дека почнале голема офанзива во шиитскиот свет град Наџаф со цел да го задушат бунтот на приврзаниците на радикалниот свешетник Моктада ал Садр. Во офанзивата учествувале, како што е соопштено во Багдад, илјадници американски војници кои ги блокирале сите приоди до централната џамија во Наџаф, главното упориште на гардата на Садр, позната како Мехди армија.