Истанбул: Жртви во експлозии во два хотела и фабрика за нафта

Две лица загинале, а осуммина други биле повредени во денешните експлозии што се случија во два помали хотела и во една една фабрика за нафта во предградието на Истанбул. Шефот на истанбулската полиција Калелатин Керах изјави дека по се изгледа станува збор за терористички напади. Персоналот на еден од хотелите, десет минути пред експлозијата, добил анонимен повик дека во една од тамошните соби имало бомба.