Судан: ОН ќе потпишат договор со суданската влада за создавање безбедносни зони

Обединетите Нации денеска ќе потпишат договор со Суданската влада за создавање во рок од 30 дена безбедносни зони за цивилите од со конфликт зафатениот регион Дафур. Арапската лига, во меѓувреме, ја отфрли можноста за меѓународна воена интервенција или воведување санкции како одговор на кризата во Дафур. Лигата го подржа планот на владата на Судан за разоружување на арапските милитанти познати како Џанаџвед кои се обвинети за убиства и силувања на не арапското население во Дафур.