Брисел: Главниот дел од НАТО персоналот неделава ќе пристигне во Ирак

Главниот дел од персоналот на мисијата на НАТО за обука на ирачките безбедносни сили нареднава недела треба да пристигне во Ирак. Во правата фаза оваа мисија ке ја сочинуваат 45 офицери, а прв човек на мисијата е офицер на холандското воздухопловство Карел Хилдерник, се наведува во соопштението на командата на јужното крило на НАТО. Првата група на офицери од алијансата пак денеска треба да пристигне во Ирак. Одлуката за воспоставување на оваа мисија во Ирак беше донесена на самитот на НАТО кој се одржа кон крајот на јуни во Истамбул.