Карпалак: Бучковски положи венци на местото на загинувањето на бранителите

Министерот за одбрана Владо Бучковски, со делегација на АРМ и претставници од градот Прилеп утринава положи венци кај месноста Карпалак, на местото на загинувањето на десетте припадници на армијата од прилепскиот гарнизон во 2001 година. Денеска ова е уште едно болно сеќавање на она што се случи пред три години. Да остане вечен поменот и славата на десетмината прилепски резервисти кои на ова место го загубија својот живот во пресрет на потпишувањето на рамковниот договор, според мое мислење, како последен безуспешен обид на оние безумници кои се обидуваа во последен момент да спречат да дојде до политичко мирно решавање на воениот конфликт во 2001 година, изјави Бучковски.