Багдад: Кери значително ќе го намали бројот на американски војници во Ирак

Демократскиот кандидат за претседател на Соединетите држави Џон Кери изјави дека доколку биде избрна на таа функција, до август 2005 година значително би го намалил бројот на американски војници во Ирак. Кери изрази очекување дека неговиот избор за претседател би придонел за промена на безбедносната ситуација во Ирак, што би овозможило заминување на американските сили од оваа земја.