Хирошима: 59 години од фрлањето на атомската бомба

Денеска се одбележува пеесет и девет годишнината од кога американците ја фрлија првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима со што ја натераа да капитулира во Втората Светска Војна. Во нападот беа убиени или повредени повеќе од сто и четириесет илјади луѓе. Градоначалникот на Хирошима Тадатоши Акиба денеска упати критики против Соединетите Држави за тоа што развиваат нуклеарно оружје кое, како што рече, се полесно може да се употреби.