Багдад: Продолжуваат судирите

Во Ирак продолжуваат борбите меѓу сојузничките сили и приврзаниците на шиитскиот лидер Моктада ал Садр. Агенциите јавуваат дека борбите во Багдад, Наџаф и Басра, во кои имало десетици убиени, биле најжестоки од примирјето меѓу сојзниците и ирачките милитанти постигнато во јуни годинава. Во меѓувреме, претставник на ал Садр за Асошиетед прес изјавил дека шиитскиот лидер сакал да го обнови примирјето.