Бодрум: 14 повредени во земјотрес

Земјотрес со сила од пет запирка четири степени според Рихтеровата скала изутрината го погоди југозападниот дел на Турција. Епицентарот е лоциран во туристичкиот центар Бодрум, во заливот Јокова. Агенциите јавуваат дека најмалку четиринаесет луѓе се здобиле со повреди при нивниот обид што побрзо да напуштат нивните домови. Истанбулската сеизмолошка станица соопшти дека во изминативе дваесет и четири часа во регионот на Бодрум биле регистрирани над седумдесет земјотреси со интензитет од три степени според Рихтер.