Багдад: Нови жртви во Ирак

Шеф на локална полициска станица во Багдад загина, а двајца полицајци се ранети денеска кога нивниот автомобил минал покрај бомба која експлодирала во тој момент. Полицијата е честа мета на напади во Ирак. Американската војска пак соопшти дека еден војник загина при безбедносни операции во провинцијата Анбар. Од почетокот на инвазијата во Март 2003 во Ирак загинаа 680 американски војници, јави франс прес повикувајки се на податоци на Пентагон.