Газа: Продолжуваат насилствата

Во Појасот Газа продолжуваат насилствата. Во соопштението на исламистичките милитантни групи се наведува дека загинале тројца нивни припадници во синоќешните напади извршени од израелската армија. Претходно, претставници на палестински полициски сили објавија дека едно лице загинало, а шестмина други биле ранети кога еден палестински полицаец фрлил две гранати врз затворот во кои имало палестинци обвинети дека соработувале со Израел.