Њујорк: Мерките за безбедност на највисоко ниво

Мерките за безбедност во Њујорк се подигнати на највисоко ниво со цел спречување на можните напади на Ал Каида, соопшти њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг. Претходно американскиот министер за внатрешна безбедност Том Риџ објави дека постојат кредибилни информации оти Ал Каида планира да изврши напади врз зградите на Меѓународниот Монетарен Фонд во Вашингтон и на берзата во Њујорк.