Пакистан: Уапсен Ахмед Кхалфан еден од позначајните личности на Ал Каеда

Пакистан соопшти дека е уапсен Ахмед Кхалфан еден од позначајните личности на Ал Каеда за кого Соединетите Држави понудија 25 милиони долари. Тој е обвинет за вмешаност во нападите врз две американски амбасади во Африка во 1998 година. Во тие бомбашки напади врз амбасадите во Кенија и Танзанија загинаа 200 лица.