Брисел: Амбасадорите на НАТО дискутираат за начините за тренинг на ирачките безбедносни сили

Амбасадорите на НАТО во Брисел денеска ги продолжуваат дискусиите за начините за тренинг на ирачките безбедносни сили. Франција се спротивставува, НАТО мисијата да биде абсорбирана од коалиционите сили предводени од Соединетите Држави. Според Вашингтон, пак тоа е најдобриот начин за заштита на мисијата. Договорот да се испрати тим на НАТО за тренинг во Ирак беше постигнат на Истамбулскиот самит на алијансата.