Лондон: Дејли Телеграф, за настаните во Македонија предизвикани од децентрализацијата

Македонија, според денешен Дејли Телеграф, се соочила со можноста за обновување на граѓанскиот конфликт за време на демонстрациите во понеделникот во Скопје против, како што наведува весникот, мировниот договор со кој се дава повеќе права на етничките албанци. Илјадници етнички македонци, пишува Дејли Телеграф, протестирале против договорот, кој според нив, ја дели Македонија на етнички линии и може да доведе до распаѓање на земјата. Македонците стравуваат дека виртуелната автономија што ќе ја добиеле албанците на северот и западот од земјата ќе им овозможи да се отцепат и приспојат кон Голема Албанија. Сега кога сонот на Слободан Милошевиќ за Голема Србија е паднат, пишува Дејли Телеграф, албанските аспирации за инкорпорирање на етничката дијаспора во соседните земји е меѓу трнливите проблеми на Балканот.