Салзбург: Состанок на премиерите од Југоисточна Европа

Премиерите на земјите од Југоисточна Европа ќе се состанат утре во Салзбург – Австрија на повик на австрискиот канцелар Волганг Шисел. На оваа средба ќе бидат разменети мислења за ситуацијата на Балканот во духот на продлабочување на соработката. Покрај премиерите на Албанија, Македонија, Бугарија, Црна Гора и Романија на средбата ќе учествува и координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек.