Вашингтон: Финален извештај за нападите од 11 септември

Независната истражна комисија денеска треба да го објави финалниот извештај за нападите врз Соединетите Држави на 11 септември 2001 година во кои загинаа околу 3 илјади луѓе. Се очекува дека поради длабоки институционални пропусти за време на претседателите Бил Клинтон и Џорџ Буш да биде побарана длабока реорганизација на американските разузнавачки служби. Официјални лица во Бушовата администрација изјавија дека извештајот не ги обвинува Клинтон и Буш за правење грешки кои би придонесле за нападите. Вчера американскиот претседател Џорџ Буш, работата на Комисијата ја нарече исклучително важна за добивање на најдобро можно разузнавање за заштита на Америка и сојузниците.