Дагестан: Во две експлозии во полициската база, ранети 8 лица

Во две експлозии кои се случија во руската полициска база во Дагестан, Република која граничи со Чеченија ранети се 8 лица. Првата експлозија одекнала кога во базата влегол автобус со вработени лица, а втората неколку минути подоцна. Отворена е криминална истрага и нападот засега не се поврзува со војната во соседна Чеченија.