Приштина: Состанок на членовите на Контакт групата за Косово

Членовите на Контакт групата за Косово, денеска во Приштина ќе се состанат по трет пат од мартовските насилства во покраината. Покрај расправата за ситуацијата на Косово ќе се дискутира и за завршниот план за децентрализација. Советникот на косовскиот премиер Илир Дуголи не можеше да потврди дали документот за децентрализација доколку биде одобрен ќе се најде до крајот на месецов пред Советот за Безбедност на Обединетите Нации.