Израел: Културно недоразбирање меѓу Франција и Израел

Израелските и француските официјални лица, како што се јавува, се обидуваат да ги намалат тензиите по повикот на израелскиот премиер Ариел Шарон до француските евреи да емигрираат во Израел за да го одбегнат антисемитизмот во Франција. Овa резултираше со изјава на претседателот Жак Ширак дека Шарон не е добредојден во Франција додека не даде објаснување за оваа изјава. Портпаролот на израелската влада Ави Пазнар, изјави дека нема криза меѓу двете земји туку дека станало збор за културно недоразбирање. Според шефот на француската дипломатија Мишел Барниер пак, недоразбирањето било сериозно и Париз чека објаснување.