Париз: Посета на турскиот премиер Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ја започнува три-дневната посета на Франција. На разговорите со францускиот претседател Жак Ширак и премиерот Жан Пјер Рафарен, Ердоган ќе побара подршка за напорите на Турција да стане членка на Европската Унија.