Токио: Јапонија најави промена во односите со Русија

Јапонската влада најави промена во односите со Русија со цел што поскоро враќање на четирите јужни Курилски острови. Јапонското раководство ќе настојува Русија да го признае суверенитетот на Јапонија над четирите острови до наредната година кога и ќе се одбележи 150 годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.